Повеќе летови во летната сезона – еве каде се ‘може да летате од Скопје


Нова авиокомпанија со одобрение од АЦВ е „Ал Италија“ која ќе оперира од мај со седум лета неделно на релацијата Скопје-Рим.

AERODROM ALEKSANDAR VELIKIОд аеродормите „Александар Велики“ во Скопје и „Апостол Павле“ во Охрид, во редовниот сообраќај ќе бидат вклучени 14 авиопревозници, со директни авиоврски со 25 дестинации (Виена, Белград, Загреб, Истанбул, Љубљана, Цирих, Лондон, Малме, Гетенбург, Ајнхомен, Дортмунд, Мемингем, Базел, Венеција, Стокхолм, Брисел, Париз, Келн, МИлано, Франкфурт, Рим, Берлин,Брисел, Цирих и Дубаи).

Најголем пораст, за 18 лета повеќе, во однос на летото во 2013, има авиокомпанијата „Визер“, на релациите Скопје – Брисел, Париз – Скопје, Келн – Скопје, Франкфурт – Скопје и Милано – Скопје. „Германија флугеселшафт“ ќе има два лета повеќе во однос на минатата сезона на релацијата Скопје – Берлин. И „Џетерфлај“ има еден лет повеќе, односно ќе лета четирипати на релациите Брисел – Скопје, Скопје-Брисел, Брисел-Охрид и Охрид Брисел, информира Мојсоски.

АЦВ ги одобри и летовите во нередовниот воздушен превоз, но за нив бројката не е конечна. Според досега издадените решенија, од 10 јуни до 25 октомври годинава се предвидени по седум чартер лета неделно на релацијата Анталија – Скопје, двапати неделно Бодрум – Скопје од 27 јуни до 10 октомври, Дизелдорф – Скопје исто така двапати неделно од 2 април и до 25 октомври, како и по еден лет Амстердам – Охрид од 12 мај до 29 септември и Анталија – Скопје и Анталија – Охрид.

Заклучно со февруари годинава операциите во воздушниот сообраќај од македонските аеродроми бележат раст за 7,9 проценти. Кај скопскиот аеродором зголемувањето е за 8,5 проценти, а кај охридскиот има намалување за 15,9 проценти.

Економски.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1