Повеќе од 20 икони пронајдени кај албански државјанин


Македонската полиција открила најмалку 20 икони кај Ѓерѓ Тимо, албански државјанин, за кој се смета дека се со потекло од македонските цркви.

b1b30411-0501-46a6-95ba-4816c974fd4aЕкспертите од Македонија откако ги разгледале иконите кои биле одземени од колекцијата на Тимо и убедени се дека овие икони се украдени од црквите во земјава, пишува албанскиот весник „Шекули”.

Сепак за да ја потврди веродостојноста на ваквите мислења Албанското јавно обвинителство на средбата со македонските експерти побарало Македонија да достави соодветна документација за истите со цел да се докаже дека истите навистина се со потекло од земјава.

Весникот истакнува дека се очекува македонските власти веднаш по утврдување на потеклото на иконите да поднесат барање до официјална Тирана за враќање на иконите во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1