Повеќе пари за матичните стоматолози, поголема плата за специјалистите


Стартува зголемувањето за пет денари на капитацискиот бод на стоматолозите, односно од 35 на 40 денари. Со оваа мерка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за зголемување на капитацискиот бод од 14 проценти се опфатени околу 1.146 тимови на стоматолози кои работат во 963 ординации.zabar

Средствата се обезбедени од буџетот на Фондот за годинава, а фискалната импликација во делот на зголемување на капитацијата за стоматолози ќе биде 75,3 милиони денари годишно. Фондот ќе исплаќа 599,3 милиони денари годишно за матичните стоматолози.

Kапитацискиот бод на матичните стоматолози не е зголемен повеќе од 7 години.

Покрај зголемување на капитацискиот бод на стоматолозите, стартува и зголемувањето за 20 проценти на платите на специјалистите од Стоматолошкиот клинички центар.

Од 1 јули годинава за пет денари ќе се зголеми и капитацискиот бод на матичните лекари, односно од 50 на 55 денари. Со ова зголемување ќе бидат опфатени 1.085 приватни здравствени установи со вкупно 1.527 тимови.

Последното зголемување на капитацијата во делот на матичните лекари беше во 2011 година. Со зголемување на капитацијата на стоматолозите и матичните лекари се опфатени над 2.800 лекари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1