Повикувале духови: По само минута се треселе, ослепеле и оглувеле (Визнемирувачко ВИДЕО)


22-годишната Александра Хуерта, нејзиниот 23-годишен брат Серхио и нивниот 18-годишен братучед Фернандо Кавесио завршиле во болница откако повикувале духови. Тие тешко голтале, халуцинирале и имале неконтролирано тресење на мускулите.

Девојката наеднаш почнала да се тресе, како во состојба на транс. Серхио и Фернандо исто така покажувале знаци на “опседнатост”, односно наеднаш го изгубиле видот, слухот и почнале да халуцинираат.

hqdefault1

Набрзо пристигнала екипа на итна помош, која веднаш ги одвела сите тројца во болница, а девојката ја врзале за да не се повреди. Лекарите им дале лекови против болка, стрес и капки за очи.

Според зборовите на докторите, спасувањето било многу комплицирано и било тешко да ги пренесат во болница бидејќи нивната состојба била многу нестабилна.

Алесандра, Серхио и Фернандо повикувале духови, поставувајќи табла на која е напишана азбуката, броеви од 0 до 9 и зборовите “да”, “не”, “здраво” и “збогум”. Тие поставувале прашања, а духовите наводно одговарале преку таблата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1