Повлечена кандидатурата за членство на Косово во Интерпол


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја повлече кандидатурата на Косово за членство во Интерпол, соопшти денеска неговиот кабинет.

Одлуката на Харадинај следи по изјавата на косовскиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли дека Косово не успеало да обезбеди довлен број гласови за биде примено во Интерпол.

Во соопштението на Кабинетот на Харадинај се наведува дека поддршка за членство на Косово во Интерпол дале многу земји, но дека нивниот број не е доволен за да се овозможи прием на земјата во оваа светска органзиација.

– Како косовски премиер денеска решив да побарам на претстојниот состанок на оваа орагнизација да се одложи гласањето по барањето за членство на Косово во Интерпол, наведува Харадинај во писмената изјава.

Харадинај во соопштението им изразува благодарност на сите косовски институции кои беа вклучени во постапката за членство на Косово во Интепол, како и на сите меѓунардни партнери.

Тој притоа апелираше сите да „работат за Косово“, со цел негово зачленување во Интерпол на следното заседние на организацијата.

– Членсството на Косово во Интерпол ќе претставува директен продонес во борбата против меѓународниот криминал и тероризмот, нагласува Харадинај, додавајќи дека Приштина е подготвена да преземе целосна одговорност како полноправна членка на Интерпол.

По иницијативата за членство на Косово во Интерпол, членките на оваа меѓународна организација требаше да се изјасната на 26 септември во рамки на нејзиното Генерално собрание.

Барањето за членство во Интерпол, Косово го поднесе во 2016 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1