На 15.04.2019 г. во 10.36 ч. пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на ул.Ферид Бајрам кои одзеле пари. Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката.
Повредени лица од оружје нема.Веднаш по добивањето на пријавата, презмени се мерки и активности од полициски службеници. Ова е првична информација.
26-годишниот Е.Е., вработен како обезбедување во експозитурата на НЛБ Тутунска банка е повреден при вооружениот грабеж кој утрово се случил во Чаир.
Утрово во 10:36 часот во СВР Скопје пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на улицата „Фери Барјам“. Веднаш по пријавата се преземени мерки и активности од страна на полицијата.
Вработениот бил физички нападнат од сторителите, а нема повредени лица од оружје.
Сторителите успеале да одземат пари од банката.