Повредени Македонци во сообраќајка близу Будимпешта


28 македонски државјани биле повредени синоќа кога автобусот со кој се возеле излетал од патот на околу 50 километри пред Будимпешта. Во автобусот имало 25 патници од кои две мали деца и 3 возачи.
avtobusНесреќата се случила во близина на градот Гор, а засега нема информации поради кои причини автобусот кој сообраќал на релација Скопје – Прага излетал од патот.
Возачот на автобусот вчера околу 1 часот и 45 минути се јавил во патничката агенција „Тото“ која го организира превозот и ги информирал дека се случила сообраќајна несреќа.
Од македонското МНР информираат дека претставници на амбасадата веќе заминале на местото на несреќата и во двете болници во местата Гор каде што се сместени 16 и Татарбања каде што се наоѓаат 12 патници.
Од МНР наскоро ќе излезат со подетални информации за несреќата и за здравствената состојба на патниците.
Alfa TV
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1