Повредени неколку лица при силна експлозија во хемиска фабрика


Неколку лица се повредени вчера при силна експлозија во фабрика за хемиски материјали во близина на германскиот град Бремен, соопшти локалната полиција.

q45rhgЕден од повредените, кој најверојатно бил вработен во фабриката, е со тешки изгореници по телото. Полесно биле повредени неколку жители на гратчето Ритерхуде, каде што се наоѓа фабриката, чиј сопственик е компанијата „Органо флуид“. Засега не е позната причината за инцидентот.

Во фабриката избувнал пожар и поради тоа се уште немаат пристап истражните органи.

Експлозијата била премногу силна, а причинета е и материјална штета на околните куќи. Во воздухот не е утврдено присуство на опасни испарувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1