Петмина Германци и една Полјакиња, кои летуваат кај Задар. пропаднале низ плочата на стара куќа, на која седеле. Тројца од нив здобиле потешки повреди
Во понеделникот Итната помош од Задар добила повик дека неколку туристи околу 21 часот пропаднале низ отворот на плочата, кога се урушил дел од плочата на стар објект.
Никој од повредените не е во животна опасност, но тројца германски туристи ќе останат во болница, пишува Слободна Далмација.
На плочата се качила цела фамилија, тројца мажи и две деца и една жена. Најстариот член на фамилијата не бил повреден.