Повредените во експлозијата во Сопиште се со 90% изгореници и дишат на апарати


Тројцата повредени во попладневната експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште се во критична состојба. Повредени се двајца мажи и една жена на возраст од 27 до 59 годишна возраст.

fabrika sopisteСите тројца дишат со помош на апарати и се наоѓаат во животозагрозувачка состојба. Жената е примена во Ургентниот центар и веднаш е хоспитализирана на КАРИЛ. Од Клиниклата за анестезија реанимација и интензивно лекување за zdravstvo24 велат дека пациентката е во критична состојба и е приклучена на апарати за дишење. Имала многу висок процент на изгореници по целото тело.

Двајцата мажи се примени во Градската хируршка болница св. Наум Охридски неколку минути по 17.00 часот. Според лекарите од градска и тие се во многу лоша состојба.  И нивните тела се речиси 90 проценти изгорени, вели д-р Љубен Арсенков, дежурен хирург во Градската хируршка болница.

„Едниот од пациентите веднаш е внесен во операциона сала и направен му е отвор за да може да го приклучиме на апарат за дишење“, изјави за zdarvstvo24 д-р Арсенков.

Четвртиот повреден поминал со полесни повреди и по прегледот во градската болница  бил пуштен дома. Силната експлозија во фабриката за пиротехника во Сопиште се случи попладнево околу 17.00 часот. Полицијата сеуште врши увид на местото на несреќата за да се утврдат причините за експлозијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1