Барбара Поповиќ освои само 19 поени доволни за последно, 12то место на годинешниот јуниорски Евросонг во Киев, Украина
Победи малата Гаја Гаучи од Малта, која ја изведе песната „Старт“, и освои 130 поени, 9 повеќе од домаќинот Украина.
Учествуваа 12 земји, а нашиот претставник, 13 годишната Барбара Поповиќ, освои само 19 поени, што беше доволно само за последно место. Таа ја отпеа песната „Охрид и љубов“, а беше придружувана од танчерите Сара, Емилија и Огнен.
Претпоследна беше Молдавија која освои 41 поен
Колку за потсетување, на годинешниов Сениорски Избор за песна на Евровизија, на кој настапија Есма и Лозано, Македонија беше претпоследна во второто полуфинале!
Канал5