Повторно доцни седницата за уставните измени


Се уште не е почната собраниската седница за уставните амандмани која беше најавена за денеска во 12 часот. Пленарната сала е речиси празна, а од собраниските служби засега нема официјална информација кога ќе продолжи седницата.

Според партиски извори, во меѓувреме продолжуваат разговорите за обезбедување на потребното двотретинско мнозинство за изгласување на измените на Уставот.

Седницата почна во средата кога премиерот Зоран Заев имаше експозе за уставните измени, по што претседателот на Собранието ја прекина и ја презакажа за вчера, кога нејзиниот почеток беше неколкупати презакажуван, по што продолжението беше закажано за денеска напладне.

На дневен ред на оваа седница се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

По прогласувањето на амандманите пратениците треба да го изгласаат и уставниот закон за нивно спроведување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1