Повторно е вљубена: Хурем во врска со Рустем паша


Мерјем Узерли, попозната како султанката Хурем од турската серија „Сулејман Величествениот“, повторно е среќно вљубена.

Имено, таа веќе неколку месеци е во врска со Озен Гувен, колега од серијата „Сулејман Величествениот“ кој го глуми Рустем – паша.

hurem-rustem-pasa

Тие двајца романсата успеваат вешто да ја скријат, но разоткриени се кога отишле на вечера кај заеднички пријатели. Вљубените од дома излегле прегрнати, уверени дека никој не ги гледа. Сепак, папараците ги снимиле, а тие премногу не се труделе да ја скријат блискоста.

Мерјем, која се прослави со улогата на султанката Хурем, беше во врска со Кан Атес, со кој помина турбулентно раскинување после кое дозна дека е бремена.

Актерката, инаку, се уште живее во Берлин, каде се пресели по болното раскинување, но планира да се врати во Истанбул.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1