Нова катастрофа: Исчезна уште еден малезиски авион со 162 патници – 16 деца и едно бебе


Во малезиски авион кој рано утрово исчезна над островот Белитунг на истокот од Индонезија имало 162 патници.

Од авионската компанија Air Asia соопштиле дека пилотот на авионот барал отстапување поради лошите временски услови, по што индонезиските контрололи изгубиле секаков контакт со летот QZ8501 со кој патувале 138 возрасни лица, 16 деца, едно бебе, двајца пилоти, 4 стјуардеси и еден инженер.

Авинот летал од градот Сурабаја во Индонезија кон Сингапур.

AirAsia500

Индонезија официјално ја предводи операцијата на потрага по исчезнатиот авион на малезиската авиокомпанија „Ер Ејша“ (AirAsia), што летал од индонезискиот град Сурабаја за Сингапур, соопшти министерот за транспор на Малезија Лиу Тонг Лај, цитиран од ТАСС.

„Авионот  бил во воздушниот простор на Индонезија“, дополни малезискиот министер.

Претходно премиерот на Малезија, Мохамад Наџиб бин Тун Хаџи
Абдул Разак, соопшти дека „ земјата ќе даде помош во операцијата“.

Истовремено, потврдувајќи го исчезнувањето на авионот, тој кажа дека „детално ќе информираат за инцидентот“.

Сингапурските власти, исто така, и понудиле помош на Индонезија во барањето на исчезнатиот авион.

-Не располагаме со информација за тоа што се случило, но предложивме помош, изјави сингапурскиот премиер Ли Сан Лун.

Врската со авионот „Ербас А320-200“ на малезиската компанија „Ер Ејша“ исчезнала во регионот на островот Борнео, над Јаванско Море, на 42 минути по полетувањето од индонезискиот град Сурабаја.

Во авионот иамло 155 патници, меѓу кои имало и 17 деца, и седумчлен екипаж, дополни ТАСС.

Пред да се изгуби врската со исчезнатиот авион екипажот не јавил за никакви сериозни проблеми или некакви знаци за хаварија, соопшти претставник на индонезиското Министерство за транспорт.

-Од моментот на исчезнување на авионот од радарите веќе изминаа над шест часа и со сигурност може да се каже тој не се наоѓа во воздух, дополни истиот извор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1