Се запали брод со 478 патници, меѓу нив тројца Македонци


Бродот кој пловел од Патра, преку Игуменица кон Анкона се запали рано утрово, а помеѓу 478-те патници се и тројца Македонци, објави Канал 5, повикувајќи се на извори од грчкото МНР.

brod-goriii-500

Во близина на островот Крф се случува вистинска драма. Надлежните служби се обидуваат да евакуираат 478 патници кои патувале со брод кој се запалил рано утрово. Фериботот Норман Атлантик плови под италијанско знаме, има екипаж од 56 лица, а останатите се туристи, претежно од Грција.

Пожарот почнал во 4 часот утрово и според информациите зафатил две третини од бродот. Евакуацијата на патниците е во тек, а според информациите над 100 патници се префрлени на спасувачки брод.

Како што објави Канал 5 повикувајќи се на извори од грчкото МНР податоците за тројцата Македонци се доставени до македонските претставништва во Грција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1