Град Скопје ги активираше зимските служби, се фрла сол на улиците


По почетокот на врнежните на снег денес на терен активно работи зимската служба на Град Скопје, која ќе интервенира по потреба за расчистување на снегот и фрлање на сол на булеварите и собирните улици кои се во надлежност на Градот Скопје.

sol sneg

-Градот Скопје за претстојната зима има на располагање 2.300 тони индустриска сол како залиха од лани, како и дополнителни 1.500 тони набавени од компанијата „КИЕМ“.  Зимската служба на Градот Скопје на располагање има 30 возила од ЈП „Улици и патишта“, како и возила што дополнително се ангажирани од приватна фирма. Екипите на зимската служба ќе бидат активни и ќе дежураат во текот на 24 часа, на две локации, во пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода и во пунктот во Бутел, соопштуваат од Град Скопје.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да се прилагодат на условите на терен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1