Повторно хаос на улиците на Баерселона- запалени улици , полицијата удри по демонстрантите (ВИДЕО)


Вчера во Барселона се одржуваат насилни протести , во кои , како што јавуваат дел од медиумите има и повредени демонстранти , а на еден му било извадено окото.

Во Барселона дојде до судир на застапниците за независност и каталонската полиција пред зградата на шпанската централна влада што е опкружена со илјадници демонстранти.

Специјалците поставија железни бариери, но маскираните демонстранти успеаја да ги отстранат, по што полицијата со штитови и палки го блокираше пристапот до зградата.

„На нив, ое, нив, ое!“, „Да живее слободна земја“ и „Улиците секогаш ќе бидат наши“ – протестираат демонстрантите со знамиња што ја симболизираат независноста на Каталонија.

Тие фрлаат лименки, шишиња и Молотови кон полицијата.

Протести се одржуваат и во другите три големи каталонски градови – Жирони, Тарагони и Леиди.

На вчерашните ппротести 131 лице се повредени во судирот на демонстрантите и полицијата, од кои еден е сериозно повреден.

Протестите се случија откако Врховниот суд во Мадрид во понеделникот осуди деветмина каталонски политичари на 9 до 13 години затвор за организирање на референдумот во 2017 година и последователно прогласување на Република Каталонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1