Судењето на дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, за обид за убиство на екс министерот за здравство Никола Тодоров, повторно се одложи. Следното рочиште е закажано за 14 февруари.
Овој пат од причина што судот ќе чека да се проверат лиценците на вештаците, чиешто проверување беше наложено од Апелациониот суд.
Претходно, судењето се одложи бидејќи адвокатите на Тодоров го оспоруваа вештачењето за психичката состојба на Стојановски. Како што наведуваа, лиценците на вештаците биле истечени.
Дедото на Тамара, која почина додека чекаше операција во странство, пукаше во екс министерот за здравство на 1 јуни лани кога тој требаше да ја предаде функцијата на неговиот наследник.