Пожар беснееше во Свети Николе – изгореа печатница, бутик, пицерија, тобако


Печатницата „Цвај Дизајн“ од Свети Николе вчера изутрина целосно изгорела во пожар. Опожарен е и инвентарот во Домот на културата „Крсте Мисирков“, каде била сместена, билетарата, помошните простории, а со пожарот биле зафатени и неколку други дуќани и закупци, соопшти полицијата.vatra-pozar-vatrogasci-foto-fonet-1424135850-617613-75756

Во 5:00 часот вчера во Свети Николе на ул. „Плоштад Илинден“, од засега непознати причини настанал пожар во печатница „Цвај Дизајн“ лоцирана во Домот на културата „Крсте Мисирков“. Печатницата целосно изгорела, опожарен е инвентарот во холот на Домот, билетарата, помошните простории, а биле зафатени и простории на трговски друштва – закупци (пицерија „Леа“, кафе бар „Плаза“, бутик „Ива“, тобако „Куба“ и канцеларија на извиднички одред „Гоце Делчев“), се наведува во полицискиот билтен.

Пожарот е локализиран од екипа на противпожарната единица во Свети Николе. Причинетата материјална штета дополнително ќе биде утврдена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1