Помал пожар избувнал вечерва на третиот кат на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар – Скопје. Според командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Благоја Менковски, од пожарот била зафатена помала просторија – остава.
Во помошна просторија на третиот кат се запалиле сунѓер и инвалидска количка. Материјалот од кој биле направени предизвикал голем чад и ги алармирал вработените. Огнот бил брзо изгаснат и нема повредени ниту материјална штета. Заради безбедност, брзо биле евакуирани децата и вработените.
На местото на инцидентот итно пристигнаа четири противпожарни возила.
„Со брза интервенција на екипите за противпожарна заштита, пожарот веднаш е изгаснат. Децата сместени на Клиниката во ниту еден момент не беа во опасност“, вели Менковски за Фактор.
Причините заради кои настанл пожарот сеуште се утврдуваат.