Хотелот „Платониус“ во грчкото летувалиште Неа Пори, се запалил синоќа околу 22 часот по локално време.
За среќа повредени нема, но сите се мошне вознемирени.
Пожарот избил во хотелската кујна. Локализиран е со брзата интервенција на пожарникарите, но собите веќе биле неупотребливи.
– Ноќта ја поминавме будни бидејќи не можевме да влеземе во собите од чадот, изјави еден гостин на хотелот.
Туристите најверојатно денеска ќе се вратат во своите соби.