Пожар во хотел во грчкото летувалиште Неа Пори


Хотелот „Платониус“ во грчкото летувалиште Неа Пори, се запалил синоќа околу 22 часот по локално време.

За среќа повредени нема, но сите се мошне вознемирени.POZAR HOTEL NEI PORI

Пожарот избил во хотелската кујна. Локализиран е со брзата интервенција на пожарникарите, но собите веќе биле неупотребливи.

– Ноќта ја поминавме будни бидејќи не можевме да влеземе во собите од чадот, изјави еден гостин на хотелот.

Туристите најверојатно денеска ќе се вратат во своите соби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1