Пожар во хотел во турското летувалиште Кемер, евакуирани најмалку 400 лица


Силен пожар избувна во хотел со пет ѕвездички во турското летувалиште Кемер на Средоземното Море, јави ТАСС, повикувајќи се на телевизијата „ХаберТурк“. Евакуирани се најмалку 400 лица.

„ХаберТурк“ соопштува дека пожарот избувнал околу 8.00 часот, во кујната на хотелот, чие име не се соопштува.

Пожарникари евакуираа некои од луѓето од балконите на хотелот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1