Пожар во куќа во Скопје, еден полесно повреден


На улицата „Даутица“ во Скопје вчера во 16 часот настанал пожар во куќа сопственост на Г.М.(47).pozarnikarot-gasi

Од пожарот со повреда во окото се здобил М.Н.(64) од Скопје, кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Пожарот е целосно локализиран од страна на екипите на Бригатада за противпожарна заштита.

Целосно е опожарен вториот кат од куќата, со површина од околу 65 метри квадратни и дел од покривната конструкција.

Во моментот кога избил пожарот во куќата биле сопственикот со неговата сопруга и внукот, кои веднаш ја напуштиле кога го забележале чадот.

Како причина за пожарот првично се наведува неисправна електрична инсталација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1