Скопјанец и влегол во профилот на Фејс и објавувал безобразни постови – доби Кривична пријава


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против О.В.(37), за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.facebook-ap

Пријавениот во период од неколку месеци незаконски обезбедил лични податоци на оштетената Л.Ш. на социјалната мрежа „Facebook“ и активно ги користел во повеќе наврати. Ги злоупотребил нејзините лични податоци на интернет, односно пристапувал на нејзиниот профил и од него објавувал разни објави и фотографии со недолична содржина, информира денеска МВР.

Откако оштетената го пријавила случајот Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика почнал истрага и извршил анализа на добиените ИП адреси, кога е извршена злоупотреба на личните податоци, а воедно утврдени се повеќе ИП адреси со точно време и датум кои по анализата наведуваат дека нивен корисник бил пријавениот О.В.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1