pozarНема повредени но причинета е голема материјална штета потврдија од Противпожарната бригада на град Скопје. Пожарникарите заедно со жителите го гаселе пожарот, но пламените јазици брзо се ширеле низ куките кои се речиси залепени една до друга.Граѓаните кои останаа без своите домови со солзи во очите за Канал 5 раскажаа за страшната случка и паниката која настанала кога среде сон биле разбудени со веста дека пожарот се наближува до нивните домови.

Ги земале децата веднаш излегле од куќите и како што раскажуваат, не успеале дури ни облека со себе да земат.

Се прашуваа каде ќе ја минат ноќта бидејќи пожарот целосно ги опустошил нивните домови.

Апелираат до надлежните да им помогнат.