Пожар во Собрание – нема штета


Во една од куполите на Собранието на Република Македонија каде што се уште се извршуваат градежни работи, изутринава се појавил мал пожар кој е саниран.

sobranieПри заварување на челичната конструкција искра паднала на термичката подна изолација, соопштија од Собранието. Веднаш е увидено, реагирано и санирано. Имало само чад бидејќи се работи за затворен простор. Материјална штета не е направена.

Благоја Менковски од Противпожарната единица потврди дека настанот се случил при заварување.

Пред службениот влез на Собранието на Република Македонија имаше две противпожарни возила. Во зградата во моментов се уште нема електричната енергија.

МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1