Пожар избувнал синоќа во станот на српскиот актер Љубивое Тадиќ во кој загина неговата сестра, а тој и неговата мајка се тешко повредени.
Актерот добил тешки изгореници од втор и трет степен и се наоѓа на пластична хирургија. Неговата мајка е во потешка состојба и се наоѓа на интензивна нега.
Смртта кај неговата 57 годишна сестра била констатирна на лице место, а од српската полиција велат дека телото и било јагленисано од пожарот кој напрво ја зафатил нејзината соба од станот.
Во станот биле сопругата и двете деца на актерот кои не се повредени