Пожар избувнал синоќа, половина час по полноќ, во објектот каде е сместено модното студио „Дадар“ на улицата „Аминта Трети“.
Во изјава за Канал 5 Дадар вели: -Се запали рефлектор, изгорена е само рекламата, штетата е веќе санирана. Не се работи за пожар ниту за голема штета. Нема простор за паника.
Дадар вели дека нема никакво измесување во закажаните термини за денеска.
Утрово тој го објави следниот статус на Фејсбук:
„Рекламата на Мое Студио Дадар поради спој е запалена, надворешно, ништо страшно драги мои. Мое студио Дадар е недопрено. Се е во најдобар ред и функционираме супер. Благодарам за грижата“.