Пожар во затворот Идризово, пет противпожарни возила на терен


Од полицијата потврдуваат дека кај нив е пријавен пожар во затворот околу 14 часот, а според пријавата опожарена е кровна конструкција.

foto gazeta lajm

Во куса телефонска изјава за КУРИР командирот на протипожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски рекол на терен се испратени пет возила и се уште се работи.

Дел од медиумите на албански јазик јавуваат дека пожарот настанал во секторот за прифаќање на затворениците, избувнал пожар.

Извори од затворот, за весникот на албански јазик „Лајм“ велат дека пожарот веројатно ги предизвикале затворениците револтирани од лошите услови во затворот. Извори за „Лајм“ посочуваат дека во една ќелија има по 15 затвореници, владее голема нечистотија, а вода нема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1