Пожар во зградата на СЕП и МИА кај поранешна Комерцијална банка


Неисправност на електричната инсталација е првичната причина поради која утринава во 06:50 избувна пожарот во поранешен објект на Комерцијална банка во која се сместени неколку државни институции, вели првиот човек на противпожарната бригада Владимир Симоновски.

Симоновски вели дека пожарот зафатил 6 простории но можно е да се опожарени и други.

Тој додава и дека ЕВН пред половина час ја исклучиле струјата.

На гаснење на пожарот работеле 24 пожарникари со 9 возила.

Пожарот е локализиран во 09:00 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1