Пожари беснеат во Шпанија и Португалија


Над 1.350 лица беа евакуирани од своите домови во североисточната шпанска област Арагон поради пожар.

Жителите на пет села биле евакуирани, меѓу кои и жители на дом за стари лица. Тие биле однесени до соседни градови.grcka-pozar

Пожарот се разгорел вчера попладне. Ветровитото време го разгорело уште повеќе, а горештините во Шпанија само ја усложнуваат ситуацијата.

Со огнената стихија се борат 500 пожарникари и 26 авиони-цистерни. Веќе изгореле 2.500 хектари шума, според Министерството за земјоделство и животна средина.

Во соседна Португалија околу сто пожарникари се борат со пожар, што избувна вчера вечер во шумата Алкоберташ, северно од Лисабон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1