Пожари во Македонија: Гори кај Рашче, Чашка и Прентов Мост


Пожар денеска избувна над патот кон село Рашче во Општина Ѓорче Петров, кој зафати нискостеблеста шума и трева.

pozar

Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување на терен се ангажирани пет припадници од републичките сили за заштита и спсување, едно противпожарно  возило со тројца пожарникари и пет лица од шумското стопанств

Пожар е појавен и кај село Крнино во Општина Чашка, во чие гаснење учествуваат пет припадници од републичките сили за заштита и спасување и 20 лица од  ШС Бабуна Веле

Пожар денеска е избувнат и кај место викано Прентов Мост, Општина Охрид. Пожарот е под контрола и се работи на ликвидирање на неколку преостанати жаришта. На лице место ангажирани се екипи на ПШС Галичица со 11 лица и 1 противпожарно возило и 3 пожарникари од ТППЕ Охрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1