Измерени 40 степени во Скопје, Штип и Гевгелија


Максималната температура од 40 степени денеска е измерена во Скопје, Штип и Гевгелија. Во Демир Капија се измерени 39, во Струмица и Тетово 38, во Битола, Прилеп и Виница 37, Крива Паланка, Тополчани и Претор 36, Пожаране 35, Берово и Охрид 34 и во Маврово и Лазарополе 30 степени.toploten

Според информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи до крајот на денот времето ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер, а долж Повардарието повремено ветерот ќе се засилува.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1