Американскиот телевизиски канал Си-ен-ен објави снимка од спасување дете од запалена зграда во американската сојузна држава Џорџија.
На видеото се гледа како пожарникарот фаќа дете што е фрлено од третиот кат на зградата.
– Детето го фативме како буквално да е фудбалска топка. Беше неверојатно – рече еден од пожарникарите.
Пожарот избувнал на 3 јануари во округот Де Калб. Во пожарот биле повредени 12 лица.