Несреќа се случи предмалку во Центарот на Скопје кога кај Камениот Мост автомобил падна во водите на Вардар.
Според информациите на Сакамдакажам, во автомобилот сепак немало патници, а тој е заглавен меѓу фонтаните кај Камениот Мост и Мостот Око, а возилото паднало во близина на Владата.
– „Според изјавите на очевидци колата паднала во Вардар кај ресторанот ‘Жабар’ односно кај зградата на Владата. Девојка ја возела колата по кејот каде е забрането движење на возила односно во делот за пешачење и рекреација. Во еден момент колата паднала во Вардар, но не се знае кога девојката го напуштила возилото. Колата сеуште е со запалени фарови“, пишува САКАМДАКАЖАМ.