Пожарникарите неможат да стигнат до манастирот – Трескавец е во пламен


МИА јавува дека портпаролот на Центарот  за управување со кризи во Прилеп, Влатко Котески изјавил дека монахот од манастирот пријавил дека избувнал пожар попладнево. Огнената стихија, според него, е голема и со неа е зафатен голем дел од манастирот.
treskavec1„Нашите екипи сè уште не се пристигнати на местото. Едноставно пределот е недостапен и тешко прооден. Од истите причини засега не можат да се пробијат ниту пожарникарските екипи“, изјави Ѓоко Стрезовски, портпарол на битолската полиција.
Информацијата ја потврдуваат и во прилепската противпожарна единица, каде се организираат за интервенција.
Центарот за управување со кризи во Прилеп упатува апел до сите граѓани кои поседуваат теренски возила веднаш да се упатат кон манастирот Трескавец и да помогнат колку што можат во гаснењето на пожарот што го зафати овој голем манастирски комлекс.
Манастирот е изграден на планината Златоврв десетина километри од Прилеп.  Манастирскиот комплекс граден од 12 и почетокот на 13 век, на надморска височина од 1280 метри, е датиран околу 1334 година.

Net press

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1