Пожарот е изгасен и се подготвува увидот на полициските и пожарните екипи


Пожарот е изгасен и се подготвува увидот на полициските и пожарните екипи, кои ги растеруваат бројните граѓани што се насобрани околу болницата, од кои многумина учествуваа во гасењето.

Пред болницата е и Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, видно потресена даде куса изјава дека пожарот почнал внатре во болницата, и се проширил со молксавична брзина, уште се очекуваат инофрмации за повредени и загинати во пожарот.

Министерот за здравство Венко Филипче по дојавата за пожарот итно заминал во Тетово.

,, Во моментов се движам накај Тетово каде, за жал, има пожар во Ковид центарот. Во најскоро време по увид на состојбата ќе споделиме официјални информации што точно се случува. Апелирам за смиреност додека ги чекаме деталите за несреќата.,,

Во моментов не се познати причините за пожарот што изби оклу 21 часот, а зградата е целосно изгорена.

Во тетовскиот Ковид-центар има 84 хоспитализирани болни, а во псоледниве 24 часа има еден починат од Тетово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1