Надлежните институции потфрлија пред граѓаните останувајќи со денови глуви на апелите и повиците да се помогне во гаснењето на пожарот кој 10 дена беснее кај селото Требовље во близина на Македонски Брод. Најновите информации од терен говорат дека пожарот ги зафатил куќите во селото, а жителите се евакуираат.
Потврда дека населението се евакуира добивме и од ЦУК
Во повеќедневните пожари кои го зафатија овој дел изгореа илјадници хектари борова шума. Дел од медиумите изминативе денови апелираа дека пожарот во атарот на селото Требовље се заканува да го пеплоса селото. За состојбата алармираа и мештаните, но очигледно никој не ги сфаќаше сериозно нивните алармирања за состојбата со пожарите.