Позитивните без здравствено осигурување, ќе се лекуваат на товар на Фондот


Лицата позитивни на КОВИД-19 без здравствено осигурување, ќе се лекуваатна товар на Фондот.

Во рамки на 36-тата седница, денеска, беше донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба според која на осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплатуван придонес или уплатата на придонесот задоцнила повеќе од 60 дена, односно имаат долг за неплатен придонес, можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од коронавирусот КОВИД-19 на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Оваа Уредба за лекување од КОВИД-19 на товар на Фондот, се однесува и на државјаните на Република Северна Македонија кои не се задолжително здравствено осигурани по ниту еден основ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1