Идентификувани се две од трите лица кои загинаа во автобуската несреќа кај Лесковац. МНР добило потврда дека станува збор за 68 годишен маж од село Бучин, Крушево со иницијали В.Ш и 68 годишна жена од Кочани со иницијали К.К.
На двете лица, идентитетот им бил утврден од личните документи. Кај третата жртва не се пронајдени документи и сеуште нема потврда на нејзиниот идентитет.
Несреќата се случи кога автобус на струшката компанија Еуробус кој патувал од Битола за Виена излетал од патот, ја пробил заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.
Во животна опасност се уште 4 лица кои се пренесени во болницата во Ниш. Полесно се повредени 23 лица.