Ужас кај Лесковац: Македонски автобус се преврте, 3 лица загина, а 32 се повредени


Автобус со македонски регистерски таблички излета утрото околу 1.45 часот од автопат во близина на Лесковац при што загинаа три лица.

Во сообраќајната несреќа што се случи на автопат во правец на Ниш повредени се 32 лица.

Во болница во Лесковац се префлени 28 луѓе додека четворица се во болницата во Ниш.

Според најави од Болницата во Лесковац, 14 од нив ќе бидат пуштени откако им била укажана лекарска помош. Со помош на локалната самоуправа тие ќе бидат згрижени во Лексовац додека не дојде автобус од Макеоднија. Во реонот каде се случи сообраќајката има силно невреме проследено со силни врнежи од снег.

Крајна дестинација на автобусот што тргнал од Прилеп требало да биде Виена

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1