Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избоде својата жена на паркинг


Австриските медиуми го објавија идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избодел својата сопруга на паркинг пред супермаркиет во градот Тулин. Се работи за 36-годишниот Џемаил М. од скопско Ласкарци.

Како што јавуваат локалните медиуми, 32-годишната жена починала на лице место откако сопругот неколкупати со нож ја прободел во вратот.

На убиството претходеле расправии, закани и малтретирања, при што полицијата морала да интервенира во повеќе наврати.

Тој синоќа ја сменил профилната фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, а 13 часа подоцна бил на местото на злосторството, чекајќи ја својата 32-годишна сопруга. Триесет и шестгодишниот маж, наводно, имал и проблеми со коцкањето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1