Познат идентитетот на напаѓачот од Манчестер


Мажот осомничен за синоќешниот самоубиствен бомбашки напад во Манчестер, е идентификуван како 23-годишниот Салман Абеди, објави ЦБС Њуз.

Абеди од претходно им бил познат на британските власти.

Полицијата на Манчестер претходно соопшти и дека е уапсен 23-годишен маж поврзан со бомбашкиот напад.

Одговорност за синоќешниот напад на концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, при што загинаа 22 лица, а десетици се повредени, денеска презеде групата Исламска држава (ИД).

Меѓутоа, американските разузнавачки служби соопштија дека не можат да потврдат дали постои поврзаност меѓу самоубиствениот напад во Манчестер и ИД.

– ИД презеде одговорност за нападот во Манчестер, но тие преземаат одговорност за секој напад. Уште не ја имаме потврдено поврзаноста, изјави директорот на американските разузнавачки служби Ден Коутс при сведочењето пред сенатскиот Комитет за вооружени сили.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1