Познат идентитетот на тешко повредениот навивач на Вардар


Триесет и седум годишниот Г.Н. од Скопје е навивачот кој вчера се здоби со тешки повреди на раката на натпреварот одигран меѓу Вардар и Пелистер во Битола, информираат од МВР.

rasparcena raka komitaНеофицијално станува збор за Горан Николоски, меѓу навивачите уште познат како Турчин.

Според се уште непотврдени информации, Комитата ја загуби дланката од шок бомба.

Како истата се нашла кај него не е познато.

Официјално се очекува полицијата во текот на денот да соопшти повеќе детали околу трагичниот настан.

По повредата на навивачот, со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болница, каде му е укажана лекарска помош.

Полесно повредените Комити, како што пишуваат дел од медиумите, биле пренесени во болница од страна на лутите ривали, но не и душмани, навивачите на Пелистер-Чкембарите.

navivaci

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1