Дервиш Балкан, алијас Сулејман Дачиќ е името на познатиот нарко бос кој беше уапсен во Македонија, дознава Сител од полициски извори.
Според нашите информации, уапсен е и неговиот син Наим Балкан. Кај нив, како што веќе објавивме пронајдена е поголема количина злато и фалсификувани документи.
Се бараат по потерница на Интерпол за организација на шверц на наркотици.
Дервиш и неговиот син Наим поседувале туристичка агенција која организирала патувања пред се во Македонија, Србија и Косово. Нема информации дали токму оваа компанија се користела за шверц на наркотиците.
Sitel.mk