Шеесет и четири годишната Рахилка Т. е жената која вчера беше убиена од својот сосед, а нејзиниот син и снаа тешко повредени.
Нападот, како што информираат од полицијата, се случил вчера околу 11 часот кога И.Ј. (64) насилно влегол во куќата на Рахилка по претходна меѓусебна расправија во која се наоѓала таа, нејзините син и снаа.
Соседот И.Ј. ја удрил Рахилка со секира по главата нанесувајќи и тешки повреди, а нејзиниот син З.Т. (46) го повредил во раката со нож. Напаѓачот, велат од МВР, бил совладан од случаен минувач пријател на жртвите.
Рахилка со тешки повреди била пренесена во ЈЗУ Општа болница во Велес, а од таму во Клиничкиот центар во Скопје, каде им подлегнала на повредите.
Убиецот бил приведен и изведен пред суд.