Тројца кандидати за полицајци се онесвестиле, подигнати примероци од храна за испитување


Во Центарот за обука на Министерството за внатешни работи изутрината околу 08:20 часот, при спроведување утринска смотра со слушателите на основна обука за полицаец, генерација 2017/18 година, во присуство на дежурните на Центар за обука, командирот на класа, како и други дисциплински старешини, тројца слушатели од непознати причини паднале во бесознание, по што веднаш било интервенирано од страна на дисциплинските старешини.mvr-zgrada

МВР соопшти дека тројцата слушатели се извлечени од строј и им е укажана прва помош по која изјавиле дека се чуствуваат подобро.

Во меѓувреме, како што се посочува, на тегоби и вртоглавици се пожалиле уште неколку слушатели, за што од страна на дежурните на Центар и командирот на класа утринската смотра е прекината, а кандидатите упатени се во училници.

Од МВР наведуваат дека за настанот веднаш е повикана Брза помош, која пристигнала околу 09:10 часот и од страна на медицинскиот персонал им биле извршени медицински прегледи на 38 слушатели. Три од лицата со амбулантното возило од Итна медицинска помош се пренесени во Клиничкиот центар, две од нив се пуштени веднаш по дополнителниот преглед додека едно лице е задржано.

За целиот настан се информирани соодветните органи во Министерството за внатрешни работи, кои во координација со Агенција за храна, околу 11:30 часот од објектот за исхрана во Центар за обука, подигнале примероци од храна за понатамошно постапување, стои во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1