Познат идентитетот на усмртеното момче кај Скопски саем


Патнички воз кој сообраќал на релација Скопје – Белград во неделата вечерта прегазил момче од Тетово.

voz-udri-covek-213673479001367347932_thumb_medium490_0

Несреќата се случила околу 22.45 часот на пругата кај Скопскиот саем, а во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди и починало на лице место.

Утврден е идентитетот на починатото момче и според информациите на МВР станува збор за дваесет и петгодишниот Александар А. од Тетово.

Телото на момчето е предадено на обдукција, а полицијата утврдува како се случила несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1