Утврден е идентитетот на петте момчиња кои утрово трагично го загубија животот во страшна сообраќајна несреќа во Скопје.
Курир пренесува дека во несреќата животите ги загубиле, Александар Стаиќ, Борче Стаиќ, Горан Ѓоргиев, Живко Колев и Филип Биркаш, на возраст од 27 и 28 години.
Александар и Борче се во роднинска врска, но засега е непознато дали се браќа.
Момчињата загинаа откако утрово околу 3 часот со автомобил марка БМВ влетаа во подрумските простории на објектот на Пазарната инспекција, кај „Рампа”.
Курир